Во овој блог ќе ја разгледаме етимологијата на називот за црвената боја во македонскиот и во другите словенски јазици. Ќе се осврнеме на неговото потекло и зборообразување, но и на некогашните начини на добивање црвена боја, кои оставиле значајни траги во јазикот. Преку овие податоци ќе се обидеме да откриеме каква улога имале природните суровини во создавањето на нејзините називи.
Основниот назив за оваа боја во македонскиот јазик е придавката црвен, кој се среќава и во другите словенски јазици во следниве форми:
На сите горенаведени зборови му претходи прасловенската форма
*čьrmenъ(јь), односно
*čьrvenъ(јь), која од зборообразувачки аспект е пасивен партицип, изведен од глаголот
*čьrviti ‘црви, бојадисува’, а тоа, пак, од
*čьrvь ‘црв’. Етимолошката поврзаност помеѓу овие два збора се објаснува на следниов начин:
Пред појавата на синтетичките пигменти, луѓето користеле природни суровини за добивање различни бои. Покрај растенијата и минералите, особено значајни биле и одредени видови инсекти, од кои се добивала интензивна црвена боја.
Особено значајна во овој поглед е
полската кошенила, односно
полскиот црв,
(Porphyrophora polonica), ситен штитест инсект што живее во корените на одредени тревни растенија, особено на Scleranthus perennis. Иако не станува збор за класичен изглед на црв, сепак, традиционално биле именувани како црви.
Инсектите се собирале во почетокот на летото, кога се откопувале корените на растенијата на кои живееле. Потоа се одвојувале, се сушеле и се преработувале за да се добие црвен пигмент. Бојата добиена на овој начин била особено ценета поради својата интензивност и трајност, а со векови се користела за боење текстил.
Ваквата практика оставила траги и во словенската лексика. Во полскиот јазик зборот
czerwiec означува и ‘јуни’ и ‘кошенила, инсект’
[1], исто така и во чешкиот
červen е називот за месецот јуни. Овие називи се поврзуваат со периодот во кој традиционално се собирале инсектите за производство на боја.
[2]
На тој начин, историските податоци за добивањето црвена боја претставуваат значајна надворешнојазична поткрепа за етимолошката врска меѓу прасловенските *
čьrvь ‘црв’ и *
čьrvenъ ‘црвен’.
Ваквиот семантички развој не е ограничен само на словенските јазици. Слична појава се забележува и во романските јазици, на пример, во португалскиот
vermelho ‘црвен’, кој потекнува од латинското
vermiculus ‘црвче’, деминутив од
vermis ‘црв’. Нешто поинаков, но семантички сроден развој се забележува во грчкиот јазик, каде што придавката
κόκκινος ‘црвен’ е изведена од
κόκκος ‘зрно’, збор што се употребувал и за видовите инсекти од кои се добивал црвен пигмент. Овие примери покажуваат дека некогашните техники на добивање боја имале значајно влијание врз формирањето на називите за црвената боја во повеќето јазици.
Која е врската меѓу црвот и карминот?
Е, сега, да се навратиме и на карминот, кој од денешен аспект освен што се користи како козметички производ најчесто со црвена боја, не можеме да го поврземе на поинаков начин со називите за црвот и придавката црвен.
Да започнеме од почеток.
Зборот
кармин во македонскиот јазик се смета за интернационализам, навлезен преку европските јазици, спореди германски
Karmin, француски
carmin и италијански
carmino. Наведениве зборови се развиле од средновековниот латински збор
carminium ‘црвеникава боја, пигмент’. Зборот настанал со вкрстување на арапскиот збор
ḳirmiz ‘вид инсект, Dactylopius coccus’ од кој се добива црвеникава боја, најверојатно преземен од персиската основа
kirm- ‘црв’, и формите кои постојат во латинскиот збор
minium со значење ‘минијум, црвен оловен оксид, минерал’.
[3]
Од истата основа која постои во персискиот збор kirm- се развило и прасловенското *čьrvь. Овие облици ги сведуваме врз индоевропските форми *k
-mi- со значење ‘црв, инсект’.